Управување со услуги

Printer-friendly versionSend by email

ИЗЈАВА ЗА ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ НА УСЛУГИ

Неоком АД Скопје, како лидер во областа на ИКТ производи и услуги во Република Македонија, е посветен на ефективно и ефикасно испорачување на квалитетни услуги и целосно задоволување на барањата на своите купувачи. За успешно остварување на нашата цел воспоставивме и одржуваме Систем за управување со услуги (SMS), базиран на барањата на стандардот ISO 20000-1:2011, во целост интегриран со барањата на веќе постоечките системи за управување со квалитет (ISO 9001:2015), управување со заштита на животната средина (ISO 14001:2015), управување со безбедност на информациите (ISO 27001:2013) и управување со континуитет на бизнисот (ISO 22301:2012).

Наша мисија е да додадеме вредност на нашите клиенти. Ова го постигнуваме со постојано подобрување SMS и услугите кон нашите клиенти со:

  • одржување и подобрување на нивото на испорака на услугите;
  • оптимизација на инфраструктурните можности, заради одржливо ниво на услугите што ги задоволуваат барањата за бизнисот;
  • управување со способноста за обезбедување на потребното ниво на услуга по настанат прекин;
  • управување со перформансите на човечките и техничките ресурси;
  • управување со трошоците потребни за задоволување на барањата на клиентите;
  • управување со проблемите и инцидентите преку дијагностицирање на суштинските причини за нивна појава, како секојдневен процес при што се обновува нормалното ниво на услуги со минимално влијание на бизнисот;
  • ефективно управување со сите промени преку примена на стандардни методи и процедури;
  • управување со воведувањето преку тестирање и верификација;
  • преглед на ИТ инфраструктурата и ИТ услугите што се испорачуваат;
  • обезбедување дека постојано сме на располагање на нашите купувачи.

Во нашиот SMS секој вработен е одговорен за постојано подобрување на квалитетот на нашите процеси, производи и услуги.

Неоком АД, расте со своите купувачи и е фокусиран на обезбедување на квалитетни услуги и задоволување на барањата и потребите на купувачите. Ние се обврзуваме континуирано да го одржуваме и подобруваме воспоставениот Систем за управување со услуги со континуирано исполнување барањата од стандардот ISO 20000-1:2011, што ќе обезбеди постојано подобрување на нивото на услуги кон купувачите.

  Октомври 2017 година