Профил

Printer-friendly versionSend by email

 

Оформен уште во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се етаблира како репер за останатите ИТ компании на Македонскиот пазар, континуирано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар, како и градејќи здрав еко систем со своите клиенти. Партнерствата со голем број на производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија Неоком на пазарот да понуди решенија кои најдобро ќе вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби.

Портфолиото на услуги што ги нуди Неоком опфаќа од продажба на компјутерски хардвер и софтвер, до најкомплексни системи за комуникации и решенија од типот “клуч на рака” наменети како за широка потрошувачка, така и за специфична намена. За да се затвори целиот еко систем, Неоком поседува високо компетентни инжењери кои ја одржуваат корисничката опрема. Инвестицијата низ годините во едукацијата на техничкиот кадар резултира со тоа што Неоком покрај многуте сервисни авторизации денеска е и ХП авторизиран сервисен центар, Самсунг авторизиран центар, и Леново гаранциски авторизиран сервисен центар. Покрај инвестицијата во самите вработени, Неоком континуирано инвестира во професионалноста и имиџот на самата компанија имплементирајќи ги меѓународните стандарди за квалитет.

Во 2005-та година, Неоком го оформи Интернет и Телекомуникацискиот оператор Неотел, со што на своите клиенти им овозможи избор во интернет и телекомуникацискиот пазар.

Неоком се наоѓа во Скопје на булевар Кузман Јосифовски Питу 15 во сопствен објект со површина од над 7000m2, во чиј склоп се наоѓа продавницата и е главното седиште на компанијата. Од 2004 година поседува и објект во центарот на Битола, во кој се сместени продажбата и сервисот.