Враќање во Битола / Bit Tech

Printer-friendly versionSend by email

Далечната 2003 година почна да функционира канцеларијата на Неоком во Битола, во прекрасен објект, дел од заштитеното културното наследство, со цел да ги задоволи барањата на корисниците во регионот за ИКТ.

Од неодамна во истиот објект е сместен и интернет провајдерот Неотел, кои нуди услуги Интернет, телевизија и телефонија.

На 26 мај во Битола, во прекрасниот објект City House, се одржа презентација на Неоком и  Hewlett Packard Enterprise на која беа присутни ИТ претставници на поголемите компании од пелагонискиот регион т.е. Битола, Прилеп, како и Кичево, Ресен, Охрид.

Гостите имаа можност да слушнат за новините за HPE ProLiant Generation 9 Servers & Storage, сервисите на опремата преку презентацијата на HPE Care Pack, како и HPE Aruba Networking портфолиото со презентација во живо на Aruba безжичните решенија од мобилните уреди на присутните. На крајот Неоком го престави своето  NeoCloud решение.

 

Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален и ќе биде дел од економскиот развој на регионот.

Се гледаме идната година

Презентациите може да ги видите на следниве линкови:

HP CarePack Service - Никола Марковски - HPE

Aruba networking - Радослав Георгиев - HPE

HPE Synergy & HP 3PAR - Стојче Димов - HPE

neoCloud - Јане Антов - Неоком

 

 

Понеделник, Јуни 6, 2016