Неоком со второ место во категоријата Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема

Printer-friendly versionSend by email

Град Скопје им додели плакети на најдобрите трговски објекти во 7 категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот го реализира во соработка со Агенцијата SWAT Research.

 

Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, односно SWOT RESEARCH преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговските објекти според изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите, а годинава за првпат се вметна во една од категориите и насмевката.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 900 посети на тајните купувачи во месец ноември и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти.

 

Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема

1. Сони Галерија

2. Неоком

3. Телеком продавница

 

 

извор: http://skopjeinfo.mk/proglaseni-najdobrite-trgovski-objekti-vo-skopje-za-2015-foto

Петок, Декември 25, 2015