Политика за приватност

Printer-friendly versionSend by email

Датум на објава 12.03.2013

 

Една од приоритетните задачи на Друштвото за информатички инжинеринг на НЕОКОМ АД Скопје (во понатамошниот текст: НЕОКОМ АД Скопје) е посветеноста на заштитата на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за примената на политиката за приватност се назначени видовите на лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот на НЕОКОМ АД Скопје ( www.neocom.com.mk / www.neocom.mk ) како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Ве молиме внимателно да ја прочитајте оваа “Политика за приватност”. Можете да пристапите до Политиката за приватност во секое време на веб-адресата www.neocom.mk/privacy или www.neocom.com.mk/privacy. Вашето користење или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи прифаќање на оваа “Политика за приватност”. Оваа “Политиката за приватност” не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани офлајн и на веб-сајтови до кои се поставени линкови на веб-сајтот.

Применетата “Политиката за приватност” на НЕОКОМ АД Скопје се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија.

 

Основни одредби

Сите лични податоци под контрола на Неоком АД Скопје се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трeти страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена. Личните податоци под контрола на НЕОКОМ АД Скопје се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се користат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.

Политиката на Неоком АД Скопје е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определено со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.

Во случај на криминална истрага, Неоком АД Скопје се придружува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем.

Вработените на Неоком АД Скопје, се обучени и обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со личните податоци на своите корисници како кон информации со доверлива природа.

 

Користење колачиња (Cookies)

Веб-сајтот на Неоком АД Скопје користи колачиња во следните случаи:

За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Во моментот на веб-сајтот нема анкети. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на анкетата.

За соодветното претставување на јазичната верзија на сајтот за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета.

При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на тековната сесија.

 

Е-пошта и мејлинг листи

Податоците кои корисниците и посетителите ги испраќаат своеволно преку е-пошта за контакт со Неоком АД Скопје, се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби, правила и прописи за архивско работење. Во овие податоци спаѓаат е-поштата, име, презиме, поштенска адреса, телефон и слично.

 

Сервиски логови

За секој од веб-сајтовите на Неоком АД Скопје се водат логови на серверот, во кои се запишуваат IP адресите, разгледувачи, оперативен систем, датум и време на пристап, и преземена датотека од сајтот за секоја таква операција. Со овие логови се пристапува во согласност со општите одредби, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на лични податоци.

 

Информација за користење

При посетата на веб страната на Неоком АД Скопје, личните податоци на корисниците ќе се собираат само доколку тие се согласат на тоа (како на пример за анкетни прашања, електронско плаќање, барања и слично).

На веб страната на Неоком АД Скопје се истакнуваат сите новости поврзани со компанијата и доколку корисниците сакаат да бидат поединечно информирани за нови  услуги, промена на цени и слично, со давање согласност при регистрација на веб страната на Неоком АД Скопје ќе можат да ја користат оваа услуга.

 

Слобода на информирање

Неоком АД Скопје во секое време, по писмено барање и претходно утврдена постапка на корисниците, ќе им овозможи увид во сите нивни лични податоци (име, презиме и слично) со кои располага.

 

Сигурност

Неоком АД Скопје ги превзема сите пропишани организациски, административни, технички и физички мерки за заштита на Вашите лични податоци, со цел да се спречи загуба, кражба, злоупотреба, неавторизиран пристап, непрописна објава, промена или пак уништување на тие податоци. 

Неоком АД Скопје може периодично да врши ажурирање на “Политиката за приватност”, а секоја промена на истата ќе биде објавена на веб страната на Неоком АД Скопје.

 

Контакт

За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Неоком АД Скопје  или “Политиката за приватност” контактирајте не преку e-mail адресата privacy@neocom.com.mk или директно на бул. Кузман Јосифовски Питу 15, 1000 Скопје.