Телекомуникации и Интернет

Printer-friendly versionSend by email

Со потребата од алтернативни телекомуникациски и интернет решенија на Македонскиот пазар и желбата да се заокружи целокупната  понуда на ИКТ решенија за своите корисници, Неоком во 2004 година го оформи телекомуникацискиот оператор Неотел.

Неотел е телекомуникациски и интернет провајдер, кој оперира на територијата на Р. Македонија преку сопствена инфраструктура. Со развивањето на сопствена оптичка мрежа и радиомрежа НЕОТЕЛ го обезбедува својот сервис на поголемиот дел од територијата на Р. Македонија. Во соработка со поголем број кабелски оператори, овозможено е користењето на фиксната телефонија на НЕОТЕЛ во повеќето градови.

НЕОТЕЛ е единствениот WiMAX оператор во Македонија, кој развива своја инфраструктура следејќи го развојот на технологијата. Услугата е достапна во поголемите градови на државата со план да се шири во текот на годините. Покрај стандардните фиксни услуги на интернет пристап и фиксна телефонија, WiMAX мрежата на НЕОТЕЛ нуди и преносен интернет пристап преку USB модем кој што овозможува користење на интернет конекцијата секаде каде што има покриеност со сигнал.

Услуги

  • Широкопојасен интернет пристап
  • Симетричен интернет пристап
  • Изнајмени линии
  • Фиксна телефонија
  • Хостирање и колокација