Поддршка и Сервис

Printer-friendly versionSend by email

Уште од своето основање, Неоком се профилира и како една од водечките сервисно ориентирани ИКТ компании на македонскиот пазар. Поставувајќи го задоволниот корисник како свој највисок императив, Неоком посветува исклучително внимание на пост-продажната поддршка на ИКТ опрема и инфоматичките системи. Сервисниот центар во своето работење ги применува најдобрите практики согласно препораките содржани во  ITILv3 (Information Technology Infrastructure Library) за ИТ сервисниот менаџмент.

Неоком сервисниот центар е подготвен да одговори на сите барање на корисниците за задоволување на потребното ниво на поддршка (SLA) за заштита на нивниот бизнис како највисок приоритет. Флексибилноста и прилагодувањето на сервисната поддршка  според барањата на корисниците овозможуваат избор на  сервисни услуги и поддршка која е најсоодветна на нивните потреби. Имплементацијата на „Help Desk системот, како и можноста за поддршка 24x7x365 се дополнителна сигурност и гарант за квалитетот и прецизноста на услугите за корисниците на Неоком сервисниот центар.

Сервисниот тим на Неоком е високо технички обучен  и подготвен за решавање и на најсложените проблеми. Тимот го сочинуваат сертифицирани инженери и техничари за широката гама на продукти од познатите светски вендори како: HP Enterprise, HP Inc., Cisco, Microsoft, SAMSUNG, Fujitsu, KERN, OCE, EATON и др.

Големото "Hands–on" практично искуство, контиунираната едукација, тимската работа при решавање на комплексни проблеми со вклучување на различни нивоа на поддршка се факти кои придонесуваат корисниците во Неоком да  препознаат стабилен и сигурен партнер способен да се справи и со најкомлексните проблеми.

Сервисниот центар на Неоком располага со планирана залиха на резервни делови и опрема кои овозможуваат брзо решавање на критичните проблеми што е особено битно за корисниците со повисоко ниво на договори за одржување (SLA).

Капацитетите, можностите и експертизата на сервисните центри во Скопје и Битола го прават Неоком препознатлив како компанија со капацитети за одржување на ИКТ решенија од поголем обем и комплексност.

Kako резултат за бројните акредитации и сетификати со кои располага тимот на Неоком, компанијата има изградено партнерски односи и добиено сервисни авторизации од повеќе водечките светски брендови од областа на ИKТ: