Системска Интеграција

Printer-friendly versionSend by email

Развојот на ИКТ индустријата, како и потребата од бизнис ориентирани ИТ решенија, наметнуваат потреба од комплексни и лесно прилагодливи ИТ системи кои би биле лесно интегрирани во постоечката околина. Во директна комуникација со клиентитете како и секојдневното пратење на светските трендови, Неоком нуди комплетна системска интеграција од типот "клуч на рака".  Процесот на системската интеграција се состои од следниве чекори:

  • Идентификација на потребите на клиентот со итеракција
  • Анализа на потребите и изготвување на решенија според буџетот
  • Презентација на изготвените решенија и нивна дискусија со клиентот
  • Детална понуда и спецификација со изработен проектен план
  • Имплементација на решението
  • Тестирање на имплементираното решение
  • Изготвување на техничка документација и обука на кадарот кој ќе го користи и/или управува имплементираниот систем
  • Примопредавање на решението во употреба на корисникот

Сите понудени решенија на нашите корисници сме во можност и да ги оддржуваме за време на целиот нивен животен циклус, како по принципот на интервенција по повик така и преку преку дефинирани сервисни договори според потребите на клиентите.

Најголем предизивик е надградбата на постоечките системи и воведување на нови напредни технологии во постоечката инфраструктура. Целта ни е секогаш да добиеме задоволен корисник кој и понатака ќе ја продолжи взаемната соработка

Покрај системската интеграција од типот "клуч на рака", нудиме и готови решенија кои ги покриваат општите потреби на клиентите од типот на:

  • Асемблажа на компјутери и сервери
  • Инфраструктурни решенија
  • Вмрежување и креирање на сигурни и лесно управувачки околини
  • Имплементација на безбедносни и ревизорски решенија
  • IP телефонија, VPN комуникација и Видео конференција (Unified Communication)
  • Мултимедијална презентација, интерактивни табли и презентациски паноа