Backup

Printer-friendly versionSend by email

     Една од основните компоненти на современиот информациски систем е често запоставениот backup процес.  Негова основна задача е создавање на копии на податоците кои може да се употребат за враќање во оригиналната состојба или за добивање на состојбата на податоците во некој друг временски период. Како најчести причини заради кои доаѓа до губење или оштетување на податоците се јавуваат ненамерно или погрешно бришење и загуба заради проблеми од хардверска или софтверска природа. Воопшто не треба да се занемари и можноста од упад во системот (надворешен или внатрешен) при кој доаѓа до намерно оштетување на податоците.

Како по сеопфатна форма на backup процесот за продукциските системи се дефинира процедура на disaster recovery која овозможува целосна реконструкција на системот во најкраток можен рок.

Неоком, тргнувајќи од принципот на целосна посветеност за задоволување на потребите на своите клиенти, во соработка со водечките брендови има развиено и успешно имплементирано повеќе backup и disaster recovery решенија.

Производната линија на HP овозможува целосно покривање на потребите на корисниците од сложените enterprise решенија до едноставните standalone уреди.

Различните концепции на backup, disaster recovery, енкрипција, дедупликација се целосно разработени и покриени со плејада на производи.

  • префрлање на податоците на подвижна лента (tape autoloader, blade tape drives, tape libraries, removable backup systems)
  • виртуелни библиотечни системи (Virtual Library Systems)
  • backup заснован на дискови (D2D Backup Systems)

 

Во однос на софтверските решенија Неоком во своето портфолио ја има палетата на производите на HP Data Protector и CA ARCserve® Backup.

Овие пакети овозможуваат backup со високи перформански, можност за енкрипција, дедупликација, централизирано управување и грануларна реконструкција како за физички така и за виртулени серверски ситеми.