Дата Центри

Printer-friendly versionSend by email

Секоја ИТ инфраструктура треба да биде соодветно третирана, без разлика дали е тоа серверска опрема, мрежна опрема или уреди за безбедност. Со цел воспоставување на комплетна заштита на инфраструктурата потребно е да се земат голем број на фактори во предвид

 

  • За се гарантира исправно работење на опремата потребно е да се има соодветно изградена просторија со антистатски подигнат под.
  • Изведување на соодветна струјна инсталација зависно од моменталните и идните потреби на Вашата компанија.
  • Спроведување на пасивна мрежна и оптичка инсталација во датацентарот и надвор од датацентарот.
  • Имплементација на наменска климатизација со која се контролира оптимална температура и влажност во воздухот.
  • Систем за контролирање на пристап и мониторинг на параметри од датацентарот.

Затоа Неоком со своите искусни инженери може да понуди дизајнирање и планирање на систем сали и датацентри, но и професионално изведување на истите.

За имплементација на систем за контролирање на пристап и мониторинг на параметри од датацентарот, Неоком е во партнерска соработка со AKCP - најстарата и најголемата компанија за решенија за мониторинг на околина, напојување и физичка безбедност.