Серверски Фарми

Printer-friendly versionSend by email

Основата на секоја успешна бизнис апликација, систем за електронска пошта, податочен сервер и други сервиси е хардверската платформа. За да се гарантира непречено работење на Вашата бизнис-критична апликација, серверот на кој работи треба да е со редундантни компоненти, добро изградени, трајни и тестирани делови, како и можност за замена на делови во тек на работа на серверот (hot-swap). Серверските системи кои ги нуди Неоком ги исполуваат сите потреби на Вашиот бизнис и условите за успешно работење на вашите апликации и сервиси.

Неоком е HP Gold Partner и ги нуди сите сервери од гамата на HP. HP ProLiant серијата на индустриски стандардни сервери една од најуспешните серверски линии со долгогодишно присуство на пазарот. На нашиот пазар, ProLiant серверите се исто така едни од најуспешните и најприсутните сервери во инфраструктурите на многу компании. Корисниците на ProLiant серверите се со позитивно искуство за изработката, истрајноста, менаџирањето и сервисирањето на серверите.

Покрај HP серверите, Неоком е и Fujitsu партнер и ги нуди серверите од нивната гама. Fujitsu Primergy серијата на индустриски стандардни сервери се високо квалитетни, флексибилни и многу конкурентни.