Непрекинато напојување

Printer-friendly versionSend by email

Прекините и нестабилностите на мрежното напојување се едни од најчестите причини поради кои доаѓа до несакани оштетувањa на компјутерската опрема и што е уште посериозно, загуба на корисничките податоци и оштетувања на оперативните системи.

Употребата на непрекинати напојувања (Uninterruptible Power Supply – UPS) овозможува заштита на корисничката опрема и податоци од штетните последици предизвикани од недостаток или лош квалитет мрежно напојување.

Основна функционалност на овие уреди е да обезбедат квалитетно напојување на опремата и во случаи на:

  • Целосен прекин на напојувањето од  градската мрежа;
  • Делумен прекин (прекин на една од фазите);
  • Варијации на влезниот напон и фреквенција;
  • Краткотрајни пикови, пренапони или падови на градската мрежа;
  • Присуство на тразиентни компонети;

 

 Уредите за непрекинато напојување се изведуваат за различни моќности и различно време на автономија во зависност од потребите на корисниците.

При изведби кои обезбедуваат заштита на дата центри, уредите за непрекинато напојување најчесто се комбинираат со агрегат кој овозмозува напојување на опремата во случаи на подолготрајни прекини на електричната мрежа.

Неоком како застапник и овластен сервис на компаниите EATON и HP нуди решенија кои ги задоволуваат потребите на сите категории на корисници.

Портфолиото на производи се состои од уреди за индивидуална домашна употреба, до комплексни редундантни систем за непрекинато напојување дизајнирани за паралелен режим на работа 24х7 кои наоѓаат своја примена во финансиските институции, медицинските установи, Дата центрите, истражувачките лаборатории, воената индустрија итн.