PayPerPrint

Printer-friendly versionSend by email

Понудата на Неоком за управувано печатење вклучува управување на неколку врсти на уреди (печатари, фотокопири, мултифункциски уреди, и факс машини) на еден единствен начин. Иако овој модел на управувано печатење може да се спроведе интерно во секоја компанија, моделот на управувано печатење е во тесна врска со производителот на опремата и Неоком како Ваш деловен партнер.

Главните придобивки со имплементацијата на управуваното печатење се:

  • Консолидирана  наплата,
  • Проактивна набавка потрошен материјал и печатарска опрема,
  • Тековно одржување и оптимизација на печатарската опрема за времетраење на договорот.

Управуваното печатење е поддржано со софтверска апликација која има способност да управува со обемот на печатење, форматот на печатење и идентификација на корисниците, насочување на скенирани документи на различни дестинации вклучувајќи факс сервери, мрежни фолдери, е-маил или систем за управување со документи.