Безбедност

Printer-friendly versionSend by email

 

Заштитата на информациите и податоците е еден од главните приоритети на Вашиот бизнис. Неоком го препознава тоа и со цел воспоставување на соодветна заштита врши имплеметација на различни системи за безбедност

  • Антивирус решенија со кои ќе се заштитат клиентските и серверските оперативни системи. Неоком нуди решенија кои се наменети за поединечни клиенти како и корпорациски решенија со централизиран менаџмент за антивирус агентите.
  • Заштита на клентите со филтри за веб и електронска пошта со што се постигнува безбедно веб прелистување и филтрирање на несаканите пораки при комуникацијата преку електронска пошта. Воедно овие системи се користат и за забрана само на одредени содржини при веб прелистување и праќање пораки кон надвор со доверливи/сензитивни информации. 
  • Заштита на инфраструктурата со Firewall и IPS решенија со кои се ограничува пристапот од интернет кон сервисите на Вашиот бизнис, се детектираат и блокираат закани, а воедно се воспоставуваат полиси за пристап од страна на корисниците во компанијата.
  • Имплементација на системи за ревизорска трага (SIEM - Security Information and Event Management) преку кои се зачувуваат и анализираат логови од системите во инфраструктурата и меѓу другото се користат за алармирање и усогласување со регулативи.