Firewall/IPS

Printer-friendly versionSend by email

     IPS системите може да се дефинираат како appliance уреди кои имат можност да детектираат напади на мрежно ниво, познати и непознати, и да ги блокира истите на начин што нив ќе ги направи неуспешни. 

 
     Овие уреди, односно нивната можност за блокирање на одреден сомнителен сообраќај, се дизајнирани со цел да се надминат ограничувањата на пасивното надгледување на мрежниот сообраќај. Како значителен напредок во однос на класичната firewall технологија, IPS уредите прават одлуки според апликациската содржина на пакетите, а не врз база на IP адреса или порта како што тоа го прават firewall уредите. Тие детектираат аномалии во нормалната рутина на мрежниот сообраќај и ги стопираат можните ризични активности. 
 
     При детекција на напад или сомнителен сообраќај уредот може да превземе неколку акции:
  • да покрене аларм;
  • да ги блокира сомнителните пакети;
  • да ја ресетира конекцијата;
  • и/или да го блокира целиот сообраќај од source IP адресата на нападот
 
    Неоком нуди IPS решенија од неколку реномирани и светски познати и признати компании. Нашето искусто гарантира дека IPS уредите на SourceFire, HP TippingPoint и McAfee ќе бидат професионални и соодветно инсталирани.