Филтри за веб и е-пошта

Printer-friendly versionSend by email

Веб прелистувањето и e-поштата претставуваат најкористените сервиси на Интернет. Секојднево сите Интернет корисници прелистуваат огоромен број на веб страници, a истовремено примаат и праќаат десетици, а некои можеби и стотици пораки. 

Сепак сета таа комуникација не е безопасна. Постојано не демнат закани од веб страни и пораки кои сакаат да не заразат со некаков вирус или спајвер или пак да ни прикажат некаква несакана и\или навредлива реклама. 

Со цел да се заштитиме од ваквите несакани појави потребно е воведување на веб и e-пошта филтри кои прават преглед на потеклото и содржината на страниците/пораките. 

Веб филтрите при прегледот на страниците првенствено се раководат по нивниот URL, oдносно во која категорија тој припаѓа и дали таа e забранета за прегледување, а потоа ја скенираат и содржината на самata веб странa и според тоа одлучуваат кои делови треба да се блокираат и/или делумно да се прикажат. 

Филтрите за е-пошта при нивната функција одлуките ги донесуваат според IP адресата од каде таа порака била пратена и адресата на примачот, а потоа при второто ниво на филтирање се прави преглед на содржината на самата порака и се одлучува дали таа да биде доставена до крајниот примач или да биде блокирана/ставена во карантин. 

Неоком на како TrendMicro Affinity One партнер нуди повеќе решенија на оваа проблематика: