Бизнис Интелигенција

Printer-friendly versionSend by email

Со користење на информациски системи компаниите добиваат квалитетно и стабилно управување со нивните бизнис процеси. Како резултат на долгогодишно користење на такви системи компаниите доаѓаат во ситуација кога имаат премногу складирани податоци кои како такви немаат голема улога во управувањето на компанијата. Со помош на интелигентните решенија и алатки кои ги нуди Неоком таквите долгогодишни и обемни податоци можат да се трансформираат во моќни алатки за носење на одлуки во клучни бизнис моменти. Како симбиоза на искуството на развојниот тим на Неоком и високо квалитетните алатки на Microsoft и Oracle се развиваат алатки и решенија кои директно учествуваат во носењето на одлуки кај нашите клиенти. БИ решенијата и алатките на Неоком можат да се поделат во неколку групи:

 

  • аналитика – целосна анализа на податоците од корпоративното работење и акцентирање на главните индикатори кои влијаат на бизнис процесот како и анализа на ефектот од нивната промената преку соодветни OLAP решенија
  • анализа за предвидување и податочно рударење – користење на state-of-art алгоритми и техники од податочно рударење и машинско учење за анализа на шаблони и проблеми во историските податоци, предвидување на трендови, екстракција на   релации меѓу податоци од корпоративното работење итн
  • скадишта на податоци – користење на најновите Microsoft и Oracle технологии за ETL  анализа и складирање на податоци