Развој на софтвер

Printer-friendly versionSend by email

Самиот развој на веб решенијата е изведен со користење на Microsoft Visual Studio како интегрирана развојна околина и најновите верзии на ASP.NET framework. Податочниот модел на решенијата е поставен на Microsoft SQL Server R2 како податочен сервер врз кого се развива податочниот слој кој во зависност од барањата на клиентот и од проблематиката се изведува со некои од шаблоните за податочен слој како Entity Framework, LINQ to Objects, Repository итн. Корисничкиот интерфејс на решенијата се дефинира и дизајнира со помош на Web Forms, Model-View-Controler, итн. Дизајнот на корисничкиот интерфејс се моделира со помош на најновите веб технологии за развој на клиентската страна на веб решенијата како JavaScript, jQuery, HTML5, итн. Со цел да се постигне поголема ефикасност во процесот на развој на самите решенија развојниот тим во Неоком ги користи DevExpress ASP.NET контролите кои го интегриграат развојот на серверските и на клиентските функционалности во еден чекор. Исто така, развојниот тим на Неоком за поголема модуларност во решенијата има развиено библиотека од ASP.NET веб контроли базирани на веќе споменатите технологии. Кодот од решенијата се менаџира преку Team Foundation Server и Subversion SVN во зависност од обемот и потребите во равојот на решенијата, додека следењето на процесот на развој и на тестирање се врши со помош на Redmine алатката која е модифицирана и прилагодена на потребите на развојниот тим во Неоком.