Неоком софтвер

Printer-friendly versionSend by email

Веб ориентираните решенија на Неоком се базирани пред се на Microsoft технологиите и нивните препораки за равој на квалитетни и високо доверливи решенија. Секојдневните промени на технологиите како и нивниот развој наложуваат уште во самиот процес на анализа и дизајн на решенијата да се има в предвид нивната скалабилност и адаптибилност кон новите технологии, но и кон новите бизнис процеси кои се резултат на работата на клиентите.

Процесот на развој на софтверските решенија во Неоком е воден од високо квалификувани (магистри на науки, дипломирани инженери) проект лидери кои своето знаење го имаат формирано преку успешна реализација на едни од најголемите софтверски решенија во Македонија, но и преку успешна обука и сертификација (Project Management Professionals). Целиот процес на развој, поради динамиката на бизнис процесите на клиентите се води и реализира со agile software development како scrum методологија за менаџирање со проекти. Scrum методологијата е особено корисна поради итеративниот и наизменичен процес на добивање на нови барања кои резултираат со соодветни решенија.

Успешноста на веб базираните решенија на Неоком се должи исто така и на високо кфалификуваниот кадар составен од софтверски инженери кои постојано се дополнуваат во своето знаење и искуство. Сите софтверски инженери се носители на Microsoft Certified Professional титула и секој од нив има соодветна специјализација во некоја од Microsoft Development програмите како Microsoft Certified Web Applications Development, Windows Communication Foundation Development, Accessing Data и Designing and Developing Web Applications како и  SQL Server 2008 : Implementation and Maintenance, Database Development и  Business Intelligence Development and Maintenance.