Виртуелизација

Printer-friendly versionSend by email

Во последните неколку години се преминува од поединечна инсталација на оперативен систем на еден сервер кон поефикасно искористување на ресурсите со инсталирање на повеќе оперативни системи кои се извршуваат во исто време. Оваа функционалност е овозможена со виртуелизациската технологија, каде секој од оперативните систем инсталирани на на еден сервер се виртулени машини кои незавнисно работат, но делат заеднички ресурси како што се меморија, процесор, дисков простор. Покрај виртуелизација на еден сервер, технологијата овозможува креирање на серверска фарма од повеќе сервери за виртуелизација при што се добива централизиран менаџмент врз инфраструктурата.

Со имплементација на виртуелизација се добиваат голем број на поволности:

  • Ефикасно користење на ресурсите на серверите – денешните серверски платформи и процесорите кои се користат се со големи перформанси и можат да извршуваат инструкции за многу повеќе од една апликација.
  • Висока достапност – при имплементација на серверска фарма од сервери за виртуелизација се овоможува висока достапност на апликациите и сервисите во инфраструктурата.
  • Заштеда на електрична енергија и на простор за инсталација – со консолидација на инфраструктур од неколку десетици сервери на само неколку сервери се прави голема заштеда на потрошувачка на електрична енергија како и на простор за физичка инсталација.
  • Помала разладна моќ – поголем број на сервери значи поголема потреба за разладување додека со намалување на бројот на сервери со виртуелизација се намалува потребната моќ за климатизација.
  • Едноставен менаџмент – управувањето на сите сервери за виртуелизација како и виртуелни машини преку една централизирана конзола.
  • Брзо и лесно провизионирање – креирање на нови виртуелни машини односно апликации и сервиси за неколку минути и помал број на операции во однос на поединечна инсталација на сервер.
  • Скалабилност  – со додавање на нови сервери за виртуелизација во серверската фарма се зголемува капацитетот за креирање на поголем број на виртуелни машини.
  • Компатибилност со голем број на хардверски платформи – платформата за виртуелизација ги поддржува речиси сите индустриски стандардизирани сервери (како на пример HP ProLiant и Fujitsu Primergy сериите на сервери) додека виртуелните машини имаат унифициран виртуелен хадрвер кој е поддржан од сите оперативни системи, апликации и сервиси.
  • Автоматизација, поедноставно надградување без прекин во апликациите и сервисите и голем број на други поволности.

Како резултат на имплеметација на виртуелизациско решение, клиентот драстично ги намалува капиталните инвестиции и оперативните трошоци. 

Неоком како платформи за виртуелизација ги нуди продуктите на VMware и на Microsoft како двете водечки и најзастапени платформи.