Десктоп виртуелизација

Printer-friendly versionSend by email

Покрај серверска виртуелизација на бизнис критични апликации и сервиси, виртуелизациската технологија може да се користи и за виртуелизација на десктоп платформи. Со ваква имплеметација, кориниците работат на виртуелни десктопи кои се наоѓаат во датацентарот со што покрај поволностите на виртуелизација се овозможува:

  • Поголема безбедност.
  • Поголема заштита на податоците и исклучување на можноста на губење на податоци.
  • Одбегнување на хардверски проблеми на компјутерите и неизбежниот прекин на работа при појавување на проблеми.
  • Лесна надградба на корисничките ресурси.
  • Унификација на клиентскиот софтвер.
  • Помали оперативни трошоци.

Како платформи за десктоп виртуелизација, Неоком ги нуди продуктите на VMware и на Microsoft. Kaj VMware платформата за десктоп виртуелизација е продуктот VMware View кој се гради на водечката платформа на виртуелизација VMware vSphere. Продуктот за декстоп виртуелизација кај Microsoft е Microsoft VDI кој е базиран на Windows Server Remote Desktop Services и на Hyper-V платформата . И двете платформи имаат продукти за виртуелизација на апликации - VMware ThinApp и Microsoft App-V.

При имплементација на десктоп виртулизација, клинтите се конектираат на виртуелните декстопи преку Thin или Zero Client уреди. Овие уреди се со мали димензии, оптимизиран хадрвер за десктоп виртуелизација, мала потрошувачка на електрична енергија и хардверски компоненти кои имаат минимален процент на расипување.

Неоком е Wyze партнер и ги нуди сите Thin и Zero клиенти за соодветните платформи. Wyse е водечка компанија за производство на уреди за десктоп виртуелизација и има широко портфолио на продукти кои одговараат на сите потреби на корисниците. Неоком како етаблиран партнер на HP ги нуди и Thin и Zero клиентите од гамата на HP.