Виртуелизација со VMware

Printer-friendly versionSend by email

VMware е глобален лидер во инфраструктури за виртуелизација и cloud. Продуктите на VMware се докажани од страна на клиентите и овозможуваат поголема флексибилност и агилност но во исто време ја намалуваат комплексноста на целокупната инфраструктура. Од средината на 2009 година околу 85% од инсталираните виртуелни машини во предпријатијата се базирани на VMware околина.

VMware vSphere е основата на секоја виртуелна околина е и составена од две компоненти:

  • VMware ESXi – bare-metal хипервизор кој овозможува виртуелизациско ниво на физички сервер.
  • VMware vCenter Server – Менаџмент софтвер кој ги овзможува сите функционaлности и преку кој се управува со виртуелната околина.

Во зависност од лиценцниот модел, VMware vSphere овозможува различни функционалности од консолидација на ресурси за мали фирми се до платформа за бизнис-критични апликации со интегирарни функционалност како vMotion и Storage vMotion, High Availability, vShield Zones, Backup на виртуелната околина со Data Recovery и голем број на други опции.

<vSphere License Models image>

Како дополнување на vSphere околината, VMware Site Recovery Manager e продукт за непрекинато работење виртуелната околина со репликација на околината во друг дата центар – без разлика дали е во непосредна близина или одалечен на друга локација.

Покрај виртуелизација со vSphere, виртуелната околина може да се надгради со други продукти на VMware како:

  • VMware View за десктоп виртуелзација.
  • VMware vCloud Director за воспоставување на приватна, јавна или хибридна cloud околина.

VMware има големо портфолио на продукти за манаџирање, мониторирање и автоматизација како на виртулени околини така и на физички околини преку интегирарани интерфејси.