По пауза од две години, Bit-Tech оваа година се одржа на 27.05.2022 во прекрасниот амбиент на обновениот Офицерски дом во Битола.
Присутните корисници и гости се запознаа со новости од областа на HPE сервис, HPE Educational Services, HPE Servers and Storages update, Напредни технологии.
Како и секогаш особено задоволство ни е организирањето и реализирањето на овој настан во Битола, кој наидува на особен интерес на нашите сегашни и потенцијални корисници.
Покрај новитетите кои може да се слушнат, дружењето со корисниците за нас е најубавиот дел од настанот.
Се надеваме дека и во иднина секоја година ќе може да организираме вакви настани и со нетрпение го очекуваме Bit-Tech 2023.