На 19.05.2023 во салата „Офицерски дом“ на Културниот и информативен центар во Битола го одржавме седмото издание на настанот BitTech.
Оваа година презентациите беа посветени на новитети во портфолиото на производи и решенија на HPE, вклучувајќи HPE ProLiant сервери, HPE Synergy инфраструктура и HPE MSE складишни системи. Покрај HPE специјалистите од Неоком, на настанот присуствуваа и претставници на HPE.
Презентациите беа проследени со коктел и виолински концерт, при што клиентите имаа прилика да дискутираат со специјалистите околу прашања произлезени од презентациите.
Ве очекуваме на BitTech8 во 2024.