Што е Canteen?

Canteen претставува софтверска алатка која овозможува организирање и планирање на оброците во рамки на ресторан за вработени, како и статистички извештаи за полесно пресметување на трошоците во ресторанот и помала загуба, односно намалување на неискористените намирници. Покрај планирање и организирање на оброците од страна на администраторот, овозможува и индивидуално бирање и планирање на оброците од страна на корисниците на ресторанот. Корисниците на системот можат својот избор да го направат преку веб портал со автентификација преку Active Directory или преку автентификација со читач на картички. Дизајнот на веб порталот одговара на сите типови на резолуции и овозможува користење на истиот и преку мобилни уреди. 

Предности

Управување со менија

Можност за креирање на повеќе типови на менија и едноставно управување со истите за задоволување на различните кориснички желби и потреби при секојдневното реализирање на оброци во ресторанот. 

Планирање на оброци

Можност за креирање на дневна понуда на оброци за одреден период со цел корисниците навремено да ги испланираат и одберат своите оброци. 

Индивидуален кориснички избор

Задоволување на личните афинитети и потреби на вработените со давање можност да се направи избор од палета на оброци.

Придобивки

Складирање и организирање на податоците при организирање на оброци во единствен систем.

Намалување на времето при креирање и распоред на оброци за претстојниот период. Намалување на трошоците за реализирање на оброци преку можност за едноставно планирање на истите како и анализирање на разните типови на статистички извештаи за планираните оброци наспроти реализираните, организирани по трошковни места/сектори, периоди, итн.

Намалување на нереализираните оброци и минимизирање на загубата од неискористени намирници. Информации достапни во секое време.