Клиентска инфраструктура

IP Телефонија

Колаборацијата е клучен фактор во успешноста на секој бизнис, без разлика на индустријата во која делува. Интеграцијата на телефонијата со компјутерските системи е клучен фактор за имплементација на успешна колаборациска платформа. Со динамиката на денешните бизнис процеси, времето поминато барајќи корисник на телефон кој не е достапен е практично изгубено време.


Решенијата за IP телефонија кои ги нуди Неоком се базирано на Collaboration платформата на производителот Cisco. Cisco IP телефонијата или попозната како Cisco Unified Communication Manager платформата овозможува лесна имплементација на телекомуникациски системи преку постоечка мрежна инфраструктура, контрола на системот преку јасно дефинирани привилегии тесно интегрирани со постоечката мрежна и компјутерска инфраструктура (како Microsoft Active Directory или LDAP автентикација), намалување на оперативните трошоци за телефонија преку автоматско бирање на најевтин правец за поврзување или во случај на оддалечени локации, преку VPN врски бесплатно разговарање помеѓу ентитетите. Сето ова е овозможено без никаков компромис во однос на квалитетот на услугата со јасно дефинирани квалитети.


Имплементирајќи ја IP телефонијата од производителот Cisco, корисниците добиваат платформа за лесен развој на колаборациски системи како:


  • Конференции (аудио и видео)
  • Call центри за колаборација со своите клиенти
  • Мобилни апликации за поголема ефикасност
  • Системи за присутност
  • Гласовни пораки
  • Интеракција со популарни апликативни решенија