Политика за колачиња

Датум на последна измена: 07.04.2022

На нашата веб-локација neocom.com.mk се стремиме да ја почитуваме приватноста и безбедноста на сите лични податоци кои ги собираме од посетителите и корисниците. Притоа дејствуваме како контролор на личните податоци согласно соодветните закони и прописи за заштита на личните податоци.

Нашата веб-локација користи колачиња, како и пиксели, локално складирање и слични технологии (во комбинација со колачињата, освен ако не е поинаку наведено), со цел да Ве разликува од другите посетители и корисници. Ова нѝ помага да Ви овозможиме подобро корисничко искуство, да ги подобриме своите услуги и да ги персонализираме рекламите и содржините што Ви се прикажуваат додека ја користите веб-локацијата.

Оваа политика за користење колачиња (во натамошниот текст „Политика за колачиња“) ги опишува видовите колачиња кои ги користиме, причините и целите за кои ги користиме, и видовите на информации кои ги собираат од Вас и за Вас. Ве молиме внимателно да ја прочитате пред користење на нашата веб-локација.

Детален преглед на колачињата кои моментално ги користиме ќе најдете во листата на колачиња во точка 5 од овој документ. За дополнителни информации од областа на приватноста на податоците Ве упатуваме до нашата Политика за приватност.

1. Што се колачиња?

Колачињата се мали датотеки со букви и броеви кои ги чуваме на Вашиот веб-прелистувач или локално на тврдиот диск на Вашиот уред, којшто служи како компјутерска меморија.

1.1. Колачиња од прва страна и колачиња од трета страна

Колачињата се делат на колачиња од прва страна и на колачиња од трета страна во зависност од доменот кој ги поставува.

  1. Колачиња од прва страна – ги поставува доменот на веб-локацијата која корисникот ја посетува моментално (на пр. колачиња поставени од доменот на нашата веб-локација).

  2. Колачиња од трета-страна – ги поставува домен различен од оној на веб-локацијата која ја посетува корисникот моментално. Односно, ако корисникот посети страница на одредена веб-локација и друг субјект постави колаче преку таа страница, се работи за колаче од трета страна.

1.2. Постојани и сесиски (привремени) колачиња

Колачињата се делат на постојани и сесиски во зависност од тоа дали остануваат на уредот на корисникот или само на веб-прелистувачот во текот на одредена сесија.

  1. Постојани колачиња – остануваат на уредот на корисникот за одреден временски период, наведен во самите колачиња. Истите се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб-локацијата која ги поставила.

  2. Сесиски колачиња – им овозможуваат на операторите на веб-локациите да ги поврзат меѓусебно постапките на корисникот за време на една сесија на неговиот веб-прелистувач. Секоја сесија на веб-прелистувачот започнува кога корисникот отвора прозорец на веб-прелистувачот, а завршува кога корисникот ќе го затвори истиот прозорецот на веб-прелистувачот. Сесиските колачиња се креирани привремено. Откако ќе се затвори веб-прелистувачот, сите сесиски колачиња се бришат.

2. Какви колачиња користиме и зошто?

Во суштина, нашата веб-локација користи колачиња за да Ве разликува од другите посетители и корисници. Ова нѝ помага да ја подобриме веб-локацијата и да Ви овозможиме подобро искуство при пребарување и користење на истата. Колачињата што ги користиме на веб-локацијата може да се категоризираат на следниов начин:

  1. Неопходни колачиња
  2. Колачиња за перформанси
  3. Колачиња за функционалност
  4. Колачиња за рекламирање
 

Некои колачиња може да исполнуваат повеќе од една од горенаведените цели.

2.1. Неопходните колачиња Ви овозможуваат да се движите низ одредена веб-локација и да ги користите нејзините основни функции, на пример да пристапувате до безбедни области. Без овие колачиња, не би можеле да Ви бидат обезбедени потребните услуги.

Ние користиме неопходни колачиња за следниве цели:

  • идентификување на корисниците и на нивните најави на веб-локацијата
  • осигурување дека сте поврзани со правата услуга на веб-локацијата кога вршиме какви било измени во начинот на работа
  • за безбедносни цели
 

2.2. Колачињата за перформанси собираат информации за тоа како ја користите веб-локацијата, на пр. кои страници ги посетувате и дали се соочувате со евентуални грешки. Овие колачиња не собираат никакви информации кои би можеле да Ве идентификуваат лично. Се користат само за подобрување на работењето на веб-локацијата, за добивање увид во интересите на корисниците и за мерење на успешноста на рекламирањето.

Ние користиме колачиња за перформанси за следниве цели:

  • веб-аналитика и обезбедување статистички податоци за начинот на којшто корисниците се служат со веб-локацијата, вклучително за бројот на корисници кои разгледале одреден производ или услуга
  • испраќање повратни информации до поврзаните субјекти дека некој од нашите посетители ја посетил нивната веб-локација преку нашата
  • подобрување на веб-локацијата преку детекција и анализа на сите грешки што им се јавуваат на корисниците
  • тестирање различни дизајни на веб-страниците
 

Со некои од овие колачиња управуваат трети страни во наше име.

2.3. Колачињата за функционалност се користат за обезбедување услуги за корисниците или за паметење на нивните поставки и дејства, со цел подобрување на корисничкото искуство при посета на веб-локацијата.

Ние користиме колачиња за функционалност за следниве цели:

  • паметење на поставките кои сте ги примениле, на пр. распоредбата и големината на текстот, боите и разни други преференции
  • паметење дали сте се стапиле во интеракција со одредена компонента со еднократна функција на одредена веб-страница, со цел да не Ви се јавува повторно
  • паметење дали веќе сме Ве прашале дали сакате да пополните анкета
  • прикажување дека сте најавени на веб-локацијата
  • обезбедување и прикажување вградени видеосодржини
 

Со некои од овие колачиња управуваат трети страни во наше име.

2.4. Колачињата за таргетирање се користат за следење на посети на одредена веб-локација, како и други веб-локации, апликации и услуги на интернет, вклучувајќи ги поедините страници кои корисниците ги посетуваат и линковите кои ги следат, со цел да се овозможи прикажување на насочени (таргетирани) реклами на веб-локацијата во прашање.

Ние користиме колачиња за таргетирање за следниве цели:

  • прикажување насочени реклами во рамките на нашата веб-локација
  • подобрување на начинот на испорака на персонализирани реклами и содржини, како и мерење на успешноста на рекламните кампањи на веб-локацијата

3. Кога нѝ е потребна Ваша согласност?

Вашата согласност е потребна за сите колачиња и ја бараме пред да ги поставиме на Вашиот уред. Можете да дадете согласност со кликнување на соодветното копче на лентата која Ви е прикажана. Ако не сакате да дадете согласност или сакате да ја повлечете веќе дадената согласност за колачиња во кое било време, ќе треба да ги избришете и блокирате или оневозможите колачињата преку поставките на Вашиот веб-прелистувач. Подолу ќе најдете повеќе информации околу оваа постапка. Имајте предвид дека оневозможувањето на колачињата ќе влијае на функционалноста на веб-локацијата и може да Ви го спречи пристапот до одредени карактеристики на веб-страниците.

4. Како да ги избришете и блокирате колачињата?

Повеќето веб-прелистувачи овозможуваат одреден степен на контрола врз повеќето колачиња, имено преку уредување на поставките на веб-прелистувачот. Поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито „опции“ или „преференции“ на Вашиот веб-прелистувач. За повеќе информации околу овие поставки, следниве врски може да Ви бидат од полза (во спротивно, може да ја искористите опцијата „Помош“ од вашиот веб-прелистувач за дополнителни упатства):

 

Имајте предвид дека доколку ги користите поставките на веб-прелистувачот за блокирање на сите колачиња (вклучително и неопходните колачиња), таквата постапка може да резултира со оневозможен пристап до некои или сите делови од веб-локацијата.

Освен ако не сте ги прилагодиле поставките на Вашиот веб-прелистувач така што ќе одбива колачиња автоматски, нашиот систем ќе постави колачиња веднаш штом ќе ја посетите нашата веб-локација.

Повеќе информации

За да се информирате дополнително за колачиња, меѓу другото за причините и целите за кои се поставуваат и постапките за прилагодување и бришење колачиња, посетете ја веб-страницата www.aboutcookies.org.

5. Листа на колачиња

Техничко имеИзворЦелТрајностВид
_gcl_au.neocom.com.mkProvided by Google Tag Manager to experiment advertisement efficiency of websites using their services.3 месециперформанси
t_rnd2ws.cnetcontent.comThis cookie is set by Cnet content provider. The cookie allows the visitor to view related content for products.1 месециостанато
_ga.neocom.com.mkThe _ga cookie, installed by Google Analytics, calculates visitor, session and campaign data and also keeps track of site usage for the site’s analytics report. The cookie stores information anonymously and assigns a randomly generated number to recognize unique visitors.2 години

перформанси

_gid.neocom.com.mkInstalled by Google Analytics, _gid cookie stores information on how visitors use a website, while also creating an analytics report of the website’s performance. Some of the data that are collected include the number of visitors, their source, and the pages they visit anonymously.1 денперформанси
_gat_gtag_UA_225993553_1.neocom.com.mkSet by Google to distinguish users.1 минутаперформанси
_ga_CYTT46QEJV.neocom.com.mkThis cookie is installed by Google Analytics.2 годиниперформанси
test_cookie.doubleclick.netThe test_cookie is set by doubleclick.net and is used to determine if the user’s browser supports cookies.15 минутирекламирање
elementorneocom.com.mkThis cookie is used by the website’s WordPress theme. It allows the website owner to implement or change the website’s content in real-time.трајнинеопходно
t_sidws.cnetcontent.comThis cookie is set by Cnet content provider. The cookie allows the visitor to view related content for products.сесискиостанато

6. Контакт

Доколку имате какви било прашања или забелешки во врска со оваа Политика за колачиња, или општо во врска со приватноста на податоците, можете слободно да нѐ контактирате на електронската адреса officer@neocom.com.mk.