Формиран  во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании 

Низ годините се оформи како пример и  за останатите ИТ компании на македонскиот пазар, постојано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар и градејќи здрав еко систем за своите корисници. Партнерствата со многу  производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија Неоком на пазарот да понуди решенија кои ќе се вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби.

Портфолиото на услуги што ги нуди Неоком опфаќа од продажба на компјутерски хардвер и софтвер, до најкомплексни системи за комуникации и решенија од типот “клуч на рака” наменети како за широка потрошувачка, така и за специфична намена. За да се затвори целиот еко систем, Неоком поседува високо компетентни инжењери кои ја одржуваат корисничката опрема. Инвестицијата низ годините во едукацијата на техничкиот кадар резултира со тоа што Неоком покрај многуте сервисни авторизации денеска е и ХП авторизиран сервисен центар, Самсунг авторизиран центар, и Леново гаранциски авторизиран сервисен центар. Покрај инвестицијата во самите вработени, Неоком континуирано инвестира во професионалноста и имиџот на самата компанија имплементирајќи ги меѓународните стандарди за квалитет.

Во 2005-та година, Неоком го оформи Интернет и Телекомуникацискиот оператор Неотел, со што на своите клиенти им овозможи избор во интернет и телекомуникацискиот пазар.

Неоком се наоѓа во Скопје на булевар Кузман Јосифовски Питу 15 во сопствен објект со површина од над 7000m2, во чиј склоп се наоѓа продавницата и е главното седиште на компанијата. Од 2004 година поседува и објект во центарот на Битола на Виенска 16, во кој се сместени продажбата и сервисот.

Макпетрол Компјутери
Основана во Мај 1990 година под името Макпетрол Компјутери како акционерско друштво
НЕОКОМ
1997 година се ребрендира во НЕОКОМ и почнува да го гради најголемиот македонски информатички бренд.
Сопствен деловен центар
2002 година се сели во сопствениот деловен центар со повеќе од 12.000 м2.
Канцеларија во Битола
2004 година отвара канцеларија во центарот на Битола
Неотел
2005 година основање на Неотел - Телекомуникациски Провајдер.
Мај 1990
1997
2002
2004
2005

Членства во организации

Previous
Next

Општествена Одговорност

Низ годините Неоком континуирано дава поддршка на општественo корисни настани меѓу кои:

Стандарди

Со цел да им се понуди професионална и квалитетна услуга на клиентите, Неоком континуирано инвестира во едукацијата и сертификацијата на своите вработени но во исто време и сертификација на самата компанија според меѓународните ИСО стандарди. Имено Неоком е прва македонска ИТ компанија која се сертифицира според меѓународниот ИСО стандард ISO 9001:2008 уште во 2000-та година.