Услуги

Дата центри

Секоја ИТ инфраструктура треба да биде соодветно третирана, без разлика дали е тоа серверска опрема, мрежна опрема или уреди за безбедност.

Серверски фарми

Основата на секоја успешна бизнис апликација, систем за електронска пошта, податочен сервер и други сервиси е хардверската платформа.

Непрекинато напојување

Прекините и нестабилностите на мрежното напојување се едни од најчестите причини поради кои доаѓа до несакани оштетувањa на компјутерската опрема. 

Бекап на податоци - VEEAM

Секоја ИТ инфраструктура треба да биде соодветно третирана, без разлика дали е тоа серверска опрема, мрежна опрема или уреди за безбедност.

IP Телефонија

Колаборацијата е клучен фактор во успешноста на секој бизнис, без разлика на индустријата во која делува. Интеграцијата на телефонијата со компјутерските системи е клучен фактор за имплементација на успешна колаборациска платформа. 

Мрежи и безбедност

Намалувањето на безбедносните закани за мрежите е предизвик со кој секојдневно се соочуваме. Долгогодишното искуство на вработените во оваа област и соработката со светски познатите компании, овозможуваат корисникот да одбере најдобро можно решение за своите безбедносни потреби. Имињата доволно значат Palo Alto, Sophos, Trend Micro, Malwarebytes, Aruba, Cisco…

Антивирусната заштита претставува прва линија на одбрана од опсностите кои демнат при секојдневното користење на компјутерите и серверите во секоја работна организација. Искусниот тим на Неоком нуди безбедносни решенија во соработка со неколку светски познати партнери - производители на антивирусен софтвер
Антивирус
IPS системите може да се дефинираат како appliance уреди кои имат можност да детектираат напади на мрежно ниво, познати и непознати, и да ги блокира истите на начин што нив ќе ги направи неуспешни. Овие уреди, односно нивната можност за блокирање на одреден сомнителен сообраќај, се дизајнирани со цел да се надминат ограничувањата на пасивното надгледување на мрежниот сообраќај.
Firewall/IPS
Веб прелистувањето и e-поштата претставуваат најкористените сервиси на Интернет. Секојднево сите Интернет корисници прелистуваат огоромен број на веб страници, a истовремено примаат и праќаат десетици, а некои можеби и стотици пораки. Со цел да се заштитиме од ваквите несакани појави потребно е воведување на веб и e-пошта филтри кои прават преглед на потеклото и содржината на страниците/пораките.
Филтри за веб и е-пошта
Голем број од системите и апликациите во една ИТ инфраструктура генериаат настани кои се зачувуваат во форма на логови. Сите овие настани се всушност активности кои се случиле на системот или апликацијата и најчесто содржат безбедносни информации.
Системи за ревизорска трага

Софтверски решенија

НЕОКОМСофтвер

Веб ориентираните решенија на Неоком се базирани пред се на Microsoft технологиите и нивните препораки за равој на квалитетни и високо доверливи решенија. Секојдневните промени на технологиите како и нивниот развој наложуваат уште во самиот процес на анализа и дизајн на решенијата да се има в предвид нивната скалабилност и адаптибилност кон новите технологии, но и кон новите бизнис процеси кои се резултат на работата на клиентите.

ЛиценциранСофтвер

Неоком своето искуство и доверба кај корисникците го изгради со можноста да понуди и реализира целокупни сложени бизнис решенија. Во комплетните ИТ инфраструктури покрај хардверските решенија, непоходни се и системски и апликатвни софтвери како би можело да се заокружи потребата од брзо, ефикасно и современо работење.

Развој наСофтвер

Самиот развој на веб решенијата е изведен со користење на Microsoft Visual Studio како интегрирана развојна околина и најновите верзии на ASP.NET framework. Податочниот модел на решенијата е поставен на Microsoft SQL Server R2 како податочен сервер врз кого се развива податочниот слој кој во зависност од барањата на клиентот и од проблематиката се изведува со некои од шаблоните за податочен слој како Entity Framework, LINQ to Objects, Repository итн.

Alfresco

Квалитетен и стабилен документ менаџмент систем е потребен за секое современо деловно работење особено ако се земе в предвид динамиката на бизнис процесите која е главна карактеристика на нашите клиенти. Денес, крајните корисниците сакаат едноставност во решението кое го користат, со едноставни форми за конфигурација на модулите, додека пак менаџментот има потреба од постојана контрола и потврда за скалабилен и робустен систем за управување со содржини (документи).

Canteen

Canteen претставува софтверска алатка која овозможува организирање и планирање на оброците во рамки на ресторан за вработени, како и статистички извештаи за полесно пресметување на трошоците во ресторанот и помала загуба, односно намалување на неискористените намирници. Покрај планирање и организирање на оброците од страна на администраторот, овозможува и индивидуално бирање и планирање на оброците од страна на корисниците на ресторанот. Корисниците на системот можат својот избор да го направат преку веб портал со автентификација преку Active Directory или преку автентификација со читач на картички. Дизајнот на веб порталот одговара на сите типови на резолуции и овозможува користење на истиот и преку мобилни уреди. 

neodoc претставува софтверска “cloud computing” услуга (SaaS) од сопствено производство. Покрај управувањето со документи, neodoc е комплетен систем за управување со бизнис процесите на компаниите, споделување на информации, колаборација и архивско работење. Системот е поставен на високодостапна и скалабилна околина, нудејќи беспрекорно корисничко искуство, од било каде, од било кој уред и во било кое време.

Creatio е глобален продавач на софтвер за автоматизирање на работните текови и CRM со развој без код со кој Неоком склучи партнерски договор. Понудите на Creatio вклучуваат Studio Creatio, CRM апликации: Marketing Creatio, Sales Creatio и Service Creatio, работни текови во индустријата за 20 вертикали и додатоци на пазарот.

neoCloud

neoCloud е cloud computing платформа, наменета за компании и поединци кои сакаат да се фокусираат на примарните бизнис цели, препуштајќи ги модерните информатички предизвици на професионалци.

НЕОТЕЛ

НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема.

neoDC

neoDC е бренд од портфолиото на напредни сервиси кој ги нуди Неоком, ИКТ компанија со повеќе од 25 годишно искуство. neoDC е првиот и единствен дата центар за неутрална колокација во Македонија.  

Поддршка и сервис

Уште од своето основање, Неоком се профилира и како една од водечките сервисно ориентирани ИКТ компании на македонскиот пазар. Поставувајќи го задоволниот корисник како свој највисок императив, Неоком посветува исклучително внимание на пост-продажната поддршка на ИКТ опрема и инфоматичките системи. Сервисниот центар во своето работење ги применува најдобрите практики согласно препораките содржани во  ITILv3 (Information Technology Infrastructure Libraryза ИТ сервисниот менаџмент.

HP Enterprise and HP Inc. Сервисен Центар

Сервисниот центар на Неоком ги нуди сите опции за поддршка кои се достапни од страна на HP Enterprise и HP inc. во Р. Македонија.

Samsung Сервисен Центар

Сервисниот центар на НЕОКОМ е единствениот овластен сервисен центар за SAMSUNG ИT продукти во Р. Македонија.